Омнипедија - официјална енциклопедија за Омнивалентност

Омнивалентност - научно-фантастичен серијал

Omnipedia in English

Серијалот ја раскажува приказната за неколку вонземски цивилизации во конфликт, во чиј центар се наоѓа Земјата. Деталниот историјат, богато изградениот свет и динамичните ликови отвораат многу простор за еден целосен и уникатен универзум.

Првата книга, „Издигнување“, е достапна на македонски тука.

Пребарај по буква:
А __ Б __ В __ Г __ Д __ Ѓ __ Е __ Ж __ З __ Ѕ
И __ Ј __ К __ Л __ Љ __ М __ Н __ Њ __ О __ П
Р __ С __ Т __ Ќ __ У __ Ф __ Х __ Ц __ Ч __ Џ __ Ш

А

Агресор

Агресорите се класа Гардијани од Ајнèрхи. Имаат висока и жестока енергија и голема издржливост. Идеална придружба се за Фјароните.
Пример: Терион.

Ајнèрхи

Интергалактичко Единство, сојуз од повеќе цивилизации. Создадено од Валите пред повеќе од 4000 години, поточно по Одвојувањето од Некàи. Најважни членки се Залион и Раитеј.

Акхари

Гардијанка од Залион, членка на „белата екипа“ на Силдèјн.

Алтерформа

Борбена форма заснована на внатрешната енергија на живото битие, која го носи неговото физичко тело во состојба на повисока вибрација, поблиску до чиста енергија. Трансформацијата на еден Фјарон е исто така Алтерформа. Може да се надгради со Егзоформа. Алтерформи имаат само Залионите.

Анàтша

Медитативна состојба придружена со целосна физичка прикриеност. Се практикува во темнина, и личи на орбитална игра. Најчесто се користи како ритуал за подигнување на концентрацијата, енергијата, но и синхронизација со околината.

Антонов

Егор Антонов е еден од лидерите на Источната Империја, претставник за источноевропскиот и северноазискиот регион.

Ану

Во човечката митологија познат и како Анубис. Еден од најмоќните Вали. Единствениот кој заедно со Ра останал во овој универзум и на страната на Ајнèрхи.

Апотеози

Моќниот втор ранг Омниритам технологии претставува живи битија составени од биоцелити, кои имаат слична функција за Ајнèрхи како што има вештачката интелигенција за луѓето. Засега ги има 5: олицетворение на концептите за простор, време, вистина, битие и конверзија.
Пример: Ашѝмба.

Арикс

Комуникациски уред од Ајнèрхи. Содржи голема количина биоцелити, а при повик, со помош на квантна заплетканост со компатибилен уред, по пат на квантна телепортација (нетрансферна метапортација) на информации создава тридимензионална слика од соговорникот и ги пренесува сите изрази и гестови, а и физичкиот контакт е веродостоен и го чувствуваат двете страни.

Аурон

Поголема населба на Залион, позната по златните површини и старата архитектура. Нападната е од Рекшите пред самиот почеток на приказната, за време на медитацијата на Ра и Ану.

Ашѝмба

Една од Апотеозите, олицетворение на вистината.


Врати се на почетокот

Б

Биоцелити

Најнапредна имитација на природните (биолошки) клетки. Содржат вештачко јадро (Бионуклеус) од кое произлегуваат функциите. Секој биоцелит започнува како плурипотентна единка - со универзална структура која понатаму се менува согласно зададената функција и координатите. Овој изум следи по неуспешните обиди со мехацелитите.


Врати се на почетокот

В

Вали

Прастара цивилизација, која постои веќе милијарди години. Ги има создадено Залионите преку спојување природа и технологија фокусирана на репродуцирање на природата. Ги придружувале Залионите низ сите цивилизациски развојни процеси и ги еволуирале. Креатори на Ајнèрхи. Малубројни се и на Земјата се познати како „египетски божества“.

Валуорум

Кодот на универзумот, најнапредниот алгоритам, најсовршената формула кога било создадена. Може да работи со која било варијабла од нашата реалност. Прв ранг Омниритам технологии, прв пост-квантен проект од третата генерација технологии на Валите. Претходните две генерации технологии се однесувале на еволуцијата, како и на Омнивалумот и интерактивната медитација.

Виа-Нà

Еден од најистакнатите волонтери од Раитеј, претставник на Ајнèрхи за одредени региони од вселената и родител на Силдèјн и Силèјни.

Вилијамс

Доналд Вилијамс е еден од лидерите на Западната Империја, претставник за северноамериканскиот и јужноамериканскиот регион.


Врати се на почетокот

Г

Гардијани

Доброволци од Ајнèрхи кои го штитат Единството од надворешните закани. Ги има повеќе видови, а секој поединец самиот ја избира улогата и методите. Од нив се очекува да бидат активни во случај на закана. Многу се почитувани и достапни им се различни опции за развој зависно од нивните потреби и дотогашни технички познавања.

Гнезда

Започнувајќи од една шега од Залион, дека Раите се „птици кои не можат да летаат“, потекнува името на Гнездата, односно живеалиштата кои се користеле првично на Раитеј, а потоа и во целото Ајнèрхи. Се работи за живеалишта со флексибилна форма, кои можат да бидат стационарни или подвижни, а можат и да се компресираат за да бидат преносливи во поголеми транспортни средства кои служат за масовни преселби и патувања надвор од атмосферата. Целосно се опремени со сите функции потребни за секојдневно функционирање, различни филтри и неколку енергетски извори. Поновите модели содржат и мала своевидна лабораторија за истражување и развој. Секој жител на Ајнèрхи добива Гнездо за своите лични потреби.


Врати се на почетокот

Д




Врати се на почетокот

Ѓ




Врати се на почетокот

Е

Единство

Види Ајнèрхи.

Егзоформа

Егзоформата е материјализација на енергија надвор од телото. Се смета за надградба на Алтерформата, но може да постои и самостојно - да ја создаваат битија кои немаат своја Алтерформа. Сепак, се работи за исклучително напредна техника, резервирана само за најпосветените.

Елскар

Лидерка на Рекшите, далеку надмоќна над сите нив. Нејзината надградба се заснова на алгоритам чија амбиција е да го надмине дури и Фјарон генот. Физичката надградба ѝ е на основа на мехацелити, но со пристап кој Ајнèрхи никогаш не успеале да го развијат.

Ернјал

Претставник на Рекшите за Земјата и лидер на огромните групи Рекши кои доаѓаат на Земјата во рамки на подготовките за борбата против Ајнèрхи.

Есентри

Специјално биоцелитско соединение за залечување физички повреди, внатрешни и надворешни. Создадено од Силèјни. Колку поголеми се повредите, толку подобро функционира во опоравувањето.


Врати се на почетокот

Ж




Врати се на почетокот

З

Залион

Почетна точка на Единството Ајнèрхи и дом на истоимената цивилизација. Планетата била тераформирана од Валите со цел да се создадат специјални услови за развој на новиот вид - Залиони, за кои Валите имале големи амбиции. Планетата е топла, богата со жив свет и огромна, речиси колку Јупитер. Цивилизацијата на Залионите започнала пред околу две милијарди години и со бавен, постепен, но сигурен развој стигнала до незамисливи височини. Залионите се физички и умствено супериорни, имаат Алтерформи, Егзоформи и во основа немаат никаква потреба од технологија, но ја користат за учење и олеснување на секојдневните задачи. Посебен впечаток оставаат нивните карактеристични остри ириси, слични на змиите, како и нивната висина и изразена корпулентност, како и можноста за повремено преогање во една од повеќето за нив достапни репродуктивни форми, затоа што се раѓаат како плурипотентни единки.

Земја

Планетата Земја, истата онаа која ја знаеме, по војната од 2028 е поделена на Источна и Западна Империја. Од секоја од двете империи има по двајца претставници, како и еден медијатор од неутралните територии. И во двете империи владее изразено авторитарно и милитаристичко уредување. Помеѓу двете империи се протега воената зона која е сè уште активна години откако војната завршиле во повеќето области. Зоната вертикално се спушта од источноскандинавскиот регион, низ дел од источноевропскиот регион, низ речиси целиот балкански регион и продолжува надолу, низ целиот египетски регион и појужно, низ источноафриканскиот регион.


Врати се на почетокот

Ѕ




Врати се на почетокот

И

Издигнување

Процес дизајниран специјално за Залионите, меѓутоа функционира и кај другите цивилизации. Се заснова на посебен систем на вредности, чија секојдневна примена го учи поединецот на најдобрите можни реакции, до тој степен што тие стануваат инстинктивни - автентичен дел од неговиот карактер. Процесот содржи 9 скали или принципи, кои се меѓусебно меѓуповрзани и не мора да се учат по тој редослед. Тие се следниве: 1. Силно и здраво тело, 2. Дисциплиниран и отворен ум, 3. Полетен дух и решителност, 4. Свесност за светот и реалноста во него, 5. Великодушност, 6. Во склад со сопствените емоции, 7. Во синхронизација со природата, 8. Безусловна љубов, 9. Рамнотежа меѓу сите претходни принципи.

Интерактивна медитација

Способност за споделување простор на умствено ниво, која ја имаат Залионите. Присутните се гледаат себеси како проекции, но степенот на реалистичност е неверојатен. Постои можност за дисторзија на перцепцијата на времето, така што времето во медитацијата поминува многу побрзо отколку во реалноста. Исто така, при ваква медитација, способноста за усвојување нови техники и практики е значително подобрена, па сè што се учи на тие сесии подоцна може да се повтори и во физичкиот свет.


Врати се на почетокот

Ј

Јанг

Каишин Јанг е еден од лидерите на Источната Империја, претставник за јужноазискиот, индонезискиот и австралискиот регион.

Југен

Жител на Шамбала и главно лице за контакт меѓу Земјаните и Ајнèрхи.


Врати се на почетокот

К

Кајд Нискрò

Град на Раитеј, последниот вештачки остров на планетата.

Каникс Хјувилон

Град на Раитеј, поранешен истражувачки центар.

Киàри

Универзално име за планетата Земја во рамките на Ајнèрхи.

Киаријанци

Универзално име за Земјаните во рамките на Ајнèрхи.

Консутèра

Галактички кластер во кој порано Ајнèрхи имале свои надворешни бази, меѓутоа бил уништен во непознати околности. Своевремено бил извор на посебни материјали од кои била создадена една верзија на Валуорумот.


Врати се на почетокот

Л

Ларсен

Магнус Ларсен е еден од лидерите на Западната Империја, претставник за европскиот и африканскиот регион.

Лин

Лин Алдерлистен, членка на отпорот на Црвените и најдобрата другарка на Рајан од Земјата. Исклучително мотивирана, поседува одлични вештини за работа и поддршка во рамките на движењето. Родена е во северноевропскиот регион, но живеела источно од нив и исто како и Рајан, има побегнато од воената зона кога таа се проширила и го опфатила и нејзиниот град.


Врати се на почетокот

Љ




Врати се на почетокот

М

Мекси

Членка на отпорот на Црвените и поранешна девојка на Лин. Позната по својата решителност, се има изборено за заштита на базите на Црвените во повеќе наврати и континуирано работи за поддршка на новодојдените бегалци од војната и климатските промени.

Метапортација

Во основа, вид квантна телепортација, меѓутоа на предмети и битија наместо на информации. Концептот произлегува од потегот на Ра за создавање Подуниверзум и префрлање на Некàите во него. Има два вида: трансферна, кога поврзаноста е меѓу најмалку два универзуми, и нетрансферна, кога се работи за пренос во рамки на истиот универзум.

Мехацелити

Втор ранг структурни технологии. Мехацелитите се првиот обид за вистинска репродукција на природните клетки, кој за жал завршува неуспешно, затоа што е недоволно добар за да може да се спореди со способностите на природните клетки. Мехацелитите започнале како протонити со додадена механичка структура и јадро. По речиси четири милениуми, проектот сепак бил напуштен, затоа што во меѓувреме бил создаден сосема нов концепт - биоцелити - со кој Ајнèрхи продолжува да работи до ден денес.


Врати се на почетокот

Н

Налскор

Планета и цивилизација која одамна се има приклучено на Единството Ајнèрхи. Цивилизацијата во текот на својот развој била под влијание на непознато битие, поради што добила изглед и карактеристики кои би можеле да се окарактеризираат како слични на мачките од Земјата. За време на конфликтот со Рекшите, нивната планета била уништена, а преживеаните се преселиле на Раитеј, каде што се вклопиле одлично.

Некàи

Противниците на Ајнèрхи во првичниот конфликт. Водени од својата амбиција да го присвојат Валуорумот, Некàите направиле сè што било во нивна моќ да ги поразат Ајнèрхи, меѓутоа биле неуспешни и Ра успеал да ги заклучи во специјално создаден Подуниверзум.

Нерàурис

Населба на Залион, позната по црно-златните пирамиди и обелисци опкружени со најзелените дрвја на Залион. Оттука потекнуваат близнаците Терион и Нериан.

Нериан

Гардијанка од Залион, со улога на Носителка. Близначка на Терион. Отсекогаш одлучна да помага, Нериан го развива својот ум до незамисливи височини и нејзиното знаење и способност се инспирација за огромен број луѓе во Ајнèрхи. Во ризични ситуации, Нериан знае да биде исклучително опасна, што ѝ донело позиција блиску до првите одбранбени редови.

Носители

Подгрупа Гардијани, чиишто способности се засноваат на моќта на нивниот ум и знаењето кое го имаат акумулирано. Нивните најизразени способности се умствени и бесконтактни, но тоа е тоа што ги сместува меѓу најопасните Гардијани.


Врати се на почетокот

Њ




Врати се на почетокот

О

Одвојување

Историски настан одбележан со создавање Подуниверзум во кој биле протерани Некàите. Настанот се има случено пред повеќе од 4000 Земјански години.

Омнивалентност

Основниот принцип во филозофијата на Ајнèрхи - меѓуповрзаност меѓу сите битија, нешта и појави, во секаков обем и на секое рамниште.

Омнивалум

Посебен дел од мозокот на Залионите во кој се сместени сите повисоки функции кои ги прават поинакви и уникатни меѓу сите форми на живот. Од него потекнува и способноста за интерактивна медитација.

Омниритам технологии

Откако Ајнèрхи ја надминале корисноста на квантните технологии, започнува пост-квантната ера на Омниритам технологиите, кои се засноваат на целокупното функционирање на сè што е познато во универзумот. Прва од нив е Валуорумот, кодот на универзумот. Понатаму, втори се Апотеозите, а Фјарон генот е третиот ранг.

Орет

Планетата на Рекшите. Огромна, полувештачка мешавина од биотехнолошки екосистемски надградби и погони за движење базирани на Сложувалките кои се користат во Ајнèрхи.

Ори

Квадрант во галактичкиот кластер Консутèра, дом на повеќето тамошни бази на Ајнèрхи.

Оринрèи

Пред Рајан, Оринрèи била последната Фјарон бранителка на Ајнèрхи. Живеела повеќе од еден милениум, што e вообичаено за Залионите. Никогаш не била поразена. Толку била моќна што никој не се осмелил да ги нападне, но по нејзината природна смрт, Рекшите се појавиле на голема врата.


Врати се на почетокот

П

Паитсѝ

Член на армијата на Рекшите, близок со Елскар и учесник во важни настани на Земјата во подготвителните фази.

Пеѝта

Овошје од Залион, екстремно кисело, корисно против болки и мачнина.

Подуниверзум

Посебен универзум со ниска вибрација, создаден од Ра со цел во него да ги зароби Некàите. Од непознати причини, најголем дел од Валите завршуваат таму заедно со нив. Ра не е во состојба да го отвори.

Протонити

Прв ранг структурни технологии. Концепт сличен на наномашините, меѓутоа далеку понапреден и со огромен број функции, меѓу кои најважната е целосна имитација на различни материјали, во состав, форма и функција.


Врати се на почетокот

Р

Ра

Во Земјанските митологии познат како бог, Ра е основач на цивилизацијата на Валите. Голем дел од нивните еволуциски и технолошки подвизи потекнуваат директно од него.

Раитеј

Планета и цивилизација-членка на Ајнèрхи. Фокусирани на технологија, адреналин и уживање во природа, Раите имале свое минато слично на човечкото, преживеале еколошка катастрофа и ја научиле лекцијата за почитување на природата. Имаат голем удел во изработката на Фјарон генот и други значајни достигнувања. Имаат сини, синозелени и сино-виолетови нијанси на очите и косата, што ги прави доста впечатливи. Во однос на физичката еволуција, Раите немаат Aлтерформи, но користат различни супстанци на целосно природна основа, со цел подобрување на карактеристиките на доброволна основа на генерациско ниво. Разликата меѓу нив и луѓето е што телата на Раите се значително понеутрални во однос на половите и општо телесните карактеристики, при што треба да се земе предвид дека таквите разлики ги прават далеку поиздржливи и поурамнотежени од Земјаните.

Рајан

Рајан ван Ајстелс е главниот лик и единствениот Фјарон кој го има Ајнèрхи. Потекнува од воената зона, каде што и пред војната има значителни проблеми поради тоа што е трансродов маж. Упорен, одлучен, добро ги промислува работите, иако знае и да омекне поради високото ниво на емпатија. Кога војната пристигнува во неговото гратче, тој без размислување бега и по бројни тешкотии успева да стигне во Ротерстад, каде што ја спроведува својата транзиција според своите потреби и станува еден од поуспешните членови на отпорот на Црвените.

Регион 2748

Регионот од кој потекнува главниот лик, Рајан. Овој дел од воената зона опфаќа неколку гратчиња на мала површина околу еден залив на Јадранското море. Регионот е зафатен од војната во 2035.

Рекши

Цивилизација од планетата Орет. Поранешни членки на Единството Ајнèрхи а сега главни антагонисти во приказната. Предводени се од Елскар. Нивната природна форма е хуманоидна, слично како и кај другите членки на Единството, но по серија биотехнолошки надградби, не само што не личат веќе на себе, туку се и далеку поопасни од претходно.

Ротерстад

Претходно Ротердам, овој преименуван и проширен град станува еден од најважните технолошки центри во целиот поранешен европски регион. Центар на случувањата во приказната и место на живеење на Рајан, Лин и останатите нивни пријатели од отпорот на Црвените. Градот многу се разликува од својата сегашна верзија. Откако има претрпено огромна штета во Ротердамската битка во 1940 (реален историски настан), градот е бомбардиран и во приказната, во 2030 година. Седум години подоцна, голем дел од градот сè уште не е вратен во нормала, туку е во својата најлоша верзија досега. Стои пред голем предизвик да ја врати својата поранешна убавина.


Врати се на почетокот

С

Саито

Саито Кенџи е медијатор меѓу лидерите на двете империи на Земјата. Познат по своите аналитички способности и сеопфатноста, честопати одлучува да одигра добро промислен, но неочекуван потег кој во заднината носи и голем ризик и голема добивка.

Сајлокаум

Планета со непозната локација, една од омилените на Терион затоа што е позната по секаква блага храна.

Сибу

Биоцелитско растение создадено од Ајнèрхи, кое расте по потреба и секогаш обезбедува свежи и здрави овошја, зеленчуци и други плодови.

Силдèјн

Инфилтратор и ловец од Раитеј, еден од најпосветените меѓу нив. Дете на Виа-Нà. Познат по своите методи и тактички акробации чија цел е да предизвикаат исход кој непријателот веројатно го нема предвидено, тој е двигател на дел од настаните кои доведуваат до кулминацијата на крајот на „Издигнување“. Исклучително мотивиран по смртта на едниот родител при големиот напад на Рекшите пред околу една деценија.

Силèјни

Истражувачка, програмерка и биотехнолошка дизајнерка од Раитеј. Дете на Виа-Нà. Позната по најразлични системски надоградби, биотехнолошки концепти и креирање состојки кои го подобруваат организмот. Една од нејзините најважни креации е Есентри, соединение за залечување. Силèјни исто така работи и на создавањето и надградбите на Тајраксите, помеѓу кои и оној на Рајан.

Сложувалки

Систем од енергетски кола кои се користат во сите уреди на Ајнèрхи. Дизајнот на сложувалка овозможува безбедносен систем кој за да се отвори, не само што е потребно длабоко знаење, туку и конкретен ритам на комуникација со уредот врз основа на генетски примероци и вибрации од корисникот.

Структурни технологии

Серија технологии чија цел е создавање уреди кои се сè поблиску до чистиот природен дизајн на еден биолошки организам. Копнеж по еволуција. Тука спаѓаат протонитите, мехацелитите и биоцелитите.


Врати се на почетокот

Т

Тајракс

Биоцелитски костум кој служи како заштитна опрема или за секојдневни потреби на жителите на Ајнèрхи. Помеѓу другото, овозможува хигиена, летање и комуникација. Тајраксот има симбиотска природа затоа што е базиран на поединечниот генетски потпис на секој корисник. Има неверојатен капацитет за прибирање информации преку различните сензори, а знаењето го пренесува преку соодветни сигнали директно до мозокот на корисникот, во форма на постоечко знаење, кое кога ќе се добие, корисникот има впечаток како отсекогаш да го имал. Формата на Тајраксот е флексибилна и корисникот може да создава свои дизајни по желба. Принципот на функционирање му се заснова на шесте основни правци во кои може да се употреби неговата енергија, која се собира од природни извори. Шесте правци се: сила, вештина, брзина, издржливост, прикриеност и стратегија. Корисникот може да создава свои предефинирани поставки во рамнотежата меѓу овие правци и да ги активира по желба, или да направи самите да се активираат по потреба. Секој жител на Ајнèрхи добива Тајракс, при што почетната верзија има функција на облека, а другите функционалности се активираат според дотогаш стекнатите технички познавања.

Терион

Гардијан од Залион, од класата Агресор. Близнак на Нериан. Секогаш подготвен за реакција, обожува адреналин и храна. Исклучително посветен на ангажманот, но ја користи секоја слободна прилика за максимално уживање и опуштање.


Врати се на почетокот

Ќ




Врати се на почетокот

У




Врати се на почетокот

Ф

Фениат Хинàи

Прастар храм во египетскиот регион, од периодот кога Ајнèрхи сè уште активно соработувале со Земјата. Се наоѓа закопан длабоко под земја и е многу поразличен од останатите, а многу посличен на старата архитектура од Залион, секако дизајниран да одговара на тогашните визуелни достигнувања на Земјата. Содржи метапортациски портал.

Фјарон

Третиот ранг Омниритам технологии го продуцира овој комплексен ген. Неговата примарна цел е одбрана од надворешните закани. Гардијаните од Ајнèрхи првично на доброволна основа биле активирани со овој ген, но по губењето на Валуорумот а со тоа и основата за генетските податоци, генот можел да се појави само по случаен избор при зачнување нов живот, така што станал многу поредок, но со тек на време еволуирал во својата ефикасност и ефективност. Генот содржи алгоритми чија цел е да го одредат најоптималниот следен чекор и по пат на претходно програмиран инстинкт да го спроведат, доколку поединецот одлучи целосно да се препушти на инстинктот. Фјарон е и името на поединците кои го носат генот, бранители од прв ред.


Врати се на почетокот

Х

Хијàн

Овошје од Залион, екстремно хранливо и пријатно.


Врати се на почетокот

Ц

Црвените

Движењето на Црвените е отпор против авторитарноста во Западната империја. Ги има во многу градови и области. Функционираат на хоризонтална основа, без хиерархии. Наместо тоа го користат принцпот на „кругови на интерес“ односно секој член избира нешто во кое сака да придонесе. Таквата желба е она што го носи интересот и мотивацијата за подобрување во таа област. Рајан и Лин се членови на ова движење.


Врати се на почетокот

Ч




Врати се на почетокот

Џ




Врати се на почетокот

Ш

Шамбала

Подземен град во хималајскиот регион за кој луѓето имаат многу приказни и теории на заговор. Во приказната, се работи за мала, технолошки напредна населба која е централна точка за контакт со Ајнèрхи. Одговорно лице за локацијата е Југен.

Шинирàи

Група членови на отпорот во Источната империја и луѓе кои ги преживеале владините експерименти со вонземски соединенија. Сега се еволуирани до ниво на супермоќи. И натаму соработуваат со отпорот.

Шјар

Пратеник на Рекшите кој има важна мисија - обезбедување на Валуорумот и други придружни цели. Се соочува со Терион во храмот Фениат Хинàи.

Шонсèи

Гардијанка од Раитеј, хибрид од Налскор, членка на „белата екипа“ на Силдèјн.


Врати се на почетокот

***
Енциклопедијата ќе биде проширувана со секој нов дел од серијалот Омнивалентност.
Ќе бидат додавани и слики, кои во моментот се во фаза на изработка.

Набавете го првиот дел од серијалот тука.